Ивановска: Повторно исто, избор на членови на УО и НО од тефтерчето

Поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска преку објава на Фејсбук реагираше на изборот на членовите во надзорните и управните одбори во Град Скопје.
– Повторно исто….избор на членови на УО и НО во Град Скопје ОД ТЕФТЕРЧЕТО…
И со златни букви да се напишат законски одредби за поттикнување на транспаренрност, демократија и најмногу професионалност…попусто е бидејќи намерата останува и понатаму иста…да се наметне политичката волја како единствен и одлучувачки фактор во државата…Бидејќи праксата покажува дека ченовите на УО и НО се исклучиво партиски…при промена на власта се создава лоша состојба на чистка по принципот ” ИЛИ СИ ОД НАША ИЛИ НЕ”, пишува во нејзината објава.
Ивановска посочува дека законот предвидува доколку основачот ги разреши сите членови на УО, до именување на нови може да назначи ВД кои ГИ ИСПОЛНУВААТ ЗАКОНСКИТЕ УСЛОВИ со мандат од три месеци без можност за продолжување.
– Од каде јавноста ќе знае дали ги исполнуваат условите без транспаретно да се каже кој се е предложен, прашува Ивановска.
Вчера Советот на Град Скопје со поддршка од советниците од ВМРО-ДПМНе даде амин за 117 членови на надзорни и управни одбори без притоа да бидат приложени нивните биографии и да се знае дали ги исполнуваат условите.

Пронајдете не на следниве мрежи: