ИВИЦА КОНЕВСКИ СТАНА “КОМШИЈА” И ВО КИСЕЛА ВОДА: ЛЕВИЦА МУ ЈА ИЗВАДИ ЛИСТАТА НА ХОНОРАРИТЕ КОИ ГИ ДОБИВА КАКО “АДВОКАТ НА ОПШТИНАТА” (ФОТО)

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски важеше како жесток критичар на работењето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на работата на партискиот “втор човек од сенка”, Александар Николоски ( тоа е стар ривалитет кога Николоски беше прв човек на УМС на ВМРО ДПМНЕ, а Коневски беше дел од тоа раководство и прв човек во Скопје).

Коневски и Тодоров моментално се под Олимп на одмор (информирани сме од наши извори), деновиве и фотовест:

Коневски беше најблизок соработник на Мијалков ( некои медиуми пишуваа дека тој беше последен со кој Мијалков беше јавно виден пред неговото изчезнување минатата година ) и во кумовски врски со Никола Тодоров.
ИВИЦА КОНЕВСКИ СТАНА “КОМШИЈА” И ВО КИСЕЛА ВОДА: ЛЕВИЦА МУ ЈА ИЗВАДИ ЛИСТАТА НА ХОНОРАРИТЕ КОИ ГИ ДОБИВА КАКО “АДВОКАТ НА ОПШТИНАТА”

Коневски беше во тимот на т.н. Мериот коалиција, која собираше потписи од делегатите за Конгрес на кој ќе биде сменет Мицкоски. Тој беше мостот меѓу Сашо Мијалков и Никола Тодоров ( кој не сакаше да биде формално правно дел од Мериот коалицијата ). Коневски беше најблизок соработник на Мијалков ( некои медиуми пишуваа дека тој беше последен со кој Мијалков беше јавно виден пред неговото изчезнување минатата година ) и во кумовски врски со Никола Тодоров.

Вака пред некое време портпаролот на Мицковски го напаѓаше Коневски.

На крајот на летото минатата година во политичките кулуари беше пуштена шпекулација дека Коневски со еден од синовите на Мијалков имале средба со Мицкоски, непосредно пред кампањата за локалните избори. Дури за време на кампањата извори блиски на ВМРО ДПМНЕ брифираа дека Коневски му помага на Тимчо Муцунски во изборите во Аеродром, но и дека имало средба или средби во хотелот Русија меѓу Коневски и неговата стара екипа каде било побарано тие да му помагаат на Муцунски на терен.

А и другиот портпарол Димче истото го повтори во повеќе наврати!

Како и да е вчера генералниот секретар на партијата Левица, и член на Президиумот на таа партија, Јована Мојсоска на твитер ја објави листата на хонорари кои Коневски ги добива од општина Кисела Вода, каде градоначалник е блискиот пријател на Мицкоски-Орце Ѓорѓиевски ( некои ќе речат и во роднинско-кумовски односи но немаме потврда за таа информнација или шпекулација).

“Ивица Коневски, адвокатот на Мериот коалицијата против кој нема ниту еден судски случај од СДС, месечно зема 70.000 денари од општина Кисела вода. Затоа немаме држава, пошо ниту еден паразит кој е во игра со секој режим на власт не е санкциониран, туку е награден”, напиша Мојсоска.

Притоа веројатно алудираше за случајот со Мајчин дом каде во мандатот на Конески беа менувани дуповите а потоа никна зграда на местото на поранешниот парк. Подоцна толку во таа зграда Коневски се “јави” како сопственик на деловен простор од неколку стотина квадратни метри кој сега го изнајмува на Тинекс.

Твитер профилот Демир, близок до ВМРО ДПМНЕ и Александар Николоски, а зад кого стојат луѓе од безбедносните структури во мандатот на Ѓорѓе Иванов на тоа и реплицираше на Мојсоска:

“Ќе има наскоро судски случај за него, но тоа не го менува фактот дека човекот кој подолг период организираше и заговараше рушење на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, сега е на платен список во општина Кисела Вода”.

Ќе следиме што ќе се случува со Коневски. Иако во текот на минатата година, пред локалните избори, тој размислуваше да влезе во трката за градоначалник на Скопје. Нешто слично размислуваше и Стевче Јакимовски, актуелниот градоначалник на Карпош. Но и двајцата тогаш имаа некои амбиции да трчаат за градоначалник на Скопје. Во политичките кулуари тоа беше објаснувано како дел од стратегијата на Петре Шилегов за негов втор градоначалнички мандат, а Шилегов секогаш беше доживуван како дел на екипата во СДСМ која стоела зад јавната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска.

Профил на Твитер кој важи за близок на разузнавачки структури во ДПМНЕ, исто така најавува прогон на Коневски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.