Игор Којиќ се пошегува за разводот со Северина на својот Инстаграм профил

Игор Којиќ се пошегува за разводот со Северина на својот Инстаграм профил

Сите зборуваат за разводот на Северина со Игор Којиќ. Таа молчи и не коментира. Но Игор реши со фотокоментар да ја објасни состојбата. Подоцна сликата е избришана. Сепак од фотографијата може да се видат доста детали.

На сликата на која тој и Северина се прегрнати, зад нив од грмушки ги ѕирка нејзиниот поранешен партнер, Милан Поповиќ. На сликата се ставени и логоата на двата медиума, кои најмногу пишуваат за нивниот развод и караници и веројатно од тоа печалат зголемување на тираж. „Генерален покровител на мојот брак, од доверливи шумски извори. Престанете жити Бога“ – ставил како коментар со сликата Игор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.