Идентификувани сите патници кои биле во комбе со жената заразена со коронавирус, ќе бидат во изолација!

Потврден е првиот случај на заболен од коронавирус во земјава. Станува збор за пациентка, родена 1970 година од Скопје, која одреден период престојувала во Италија.
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека сите патници со кои патувала жената заразена со коронавирус се идентификувани и се тестирани.
Секое лице кое имало контакт со жената ќе остане во својот дом додека не се готови резултатите. Во изолација ќе останат 14 дена.
Патниците кои со неа патувале се од Скопје и Струмица, а во комбето имало 9 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.