Избега Никола Војминовски, еден од напаѓачите на Села

Никола Војминовски, осуден на 13 ипол години затвор за нападот на пратеникот Зијадин Села по рутинската контрола на полицијата не бил пронајден дома. Тој беше осуден првостепено, но до правосилност на пресудата му беше одреден куќен притвор.
-Надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018. година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018. година при изрекување на првостепената пресуда, го извести судот дека обвинетиот не се придржувал до определената мерка. По добиеното известување, кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница, извести Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.