Избегнете ја гужвата денеска и утре: Еве кои улици ќе бидат затворени

Денеска на улицата “1732“ (зад Националната фудбалска арена во Градскиот парк) поради однапред најавено снимање во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“ Дооел од Скопје, сообраќајот по оваа улица од потегот кај ресторанот “Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ ќе биде затворен во период од 6 до 19 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.


Исто така утре во периодот од 11,00 до 13,00 часот, поради спортската манифестацијата – трка со ролери – во организација на ЈУ „Детски културен центар“ Карпош од Скопје, со траса на движење од булеварот „Илинден“ (пред фонтаната во Градскиот парк) до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ (кај седиштетот на ЈП Паркови и зеленило) во Скопје, оваа делница ќе биде затворена за сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.