Изборната кампања за политичките партии и независните кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори започнува во понеделник.Речиси сите учесници на локалните избори потпишаа кодекс на однесување за фер и демократски избори.Тие гарантираат дека нема да вршат никаков притисок врз вработените во јавната администрација за време на изборниот процес и дека ќе се воздржат од говор на омраза.А во Државната изборна комисија, учесниците на изборите ќе потпишат кодекс на однесување за фер и демократски избори.Граѓаните ќе се упатат кон гласачките кутии на 19 октомври, каде што ќе избираат градоначалници со четиригодишен мандат.
Пронајдете не на следниве мрежи:



