понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Избрани младите поети што ќе читаат на „Скопје СИ ТИ“ во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тимот на „Култура Бета“ и „ПНВ Публикации“ ги избра младите поети што ќе читаат на настанот „Скопје СИ ТИ“ по претходно распишаниот конкурс за песни на тема урбана поезија.
На „Скопје СИ ТИ“ ќе читаат: Јулија Ангелова, Андреј Анѓеловиќ, Виктор Бучковски, Иво Донев, Марко Иван Кочишки, Нино Наумовски, Дарио Постоловски, Теодора Прокоповска, Михаела Стефановска, Методија Тасевски, Крсте Трифунов и Розе Ускоска.
„Скопје СИ ТИ“ ќе се одржи на 24 март, недела, во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Скопје Сити Мол, со почеток од 18:30 часот.
Станува збор за настан што ги поддржува младите поети почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да се претстават со поетско читање, во рамки на проектот „Денови на поезијата“, што ќе се одржи во периодот од 21 до 24 март, во организација на Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒
Скопје, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура Бета“, и ќе се состои од низа настани за промоција на поезијата. Програмата во целост ќе биде објавена наскоро.

– Реклама –








Поврзани вести