Изведба на балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам – 21.5.2022

Романтичниот балет во два чина „ЖИЗЕЛ“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и
балет на 21 мај 2022, со почеток во 20.00 часот, во рамките на на јубилејното 50.издание на
фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2022.
Диригент на претставата е  гостинот од Грузија, Давид Мукерија. Магичната и безвременска
приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам,
а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата
на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Костимографијата е на Александар Ношпал,
сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо
Александров.
Во насловната улога ќе настапи примабалерината од Романија Кристина Дижмару,
добитничка на многу награди и признанија во балетската уметност. Во улогата на Алберт ќе
настапи Станислав Олшанскиј, првенец на Националната опера и балет во Украина , во улогата
на Мирта: Ивана Коцевска, Хиларион: Игор Веланоски , селско па де де: Христина Наќевска и
Балаж Лашеи (Унгарија).
Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.