Извештајот на Вајц за Македонија усвоен од АФЕТ со 13 амандмани на текстот

Не е доволен напредокот постигнат, особено во делот на владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата. Вакво предупредување стигна од членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент кои со 43 гласа „за“ и 17 „против“ и 13 „воздржани“ го усвоија Извештајот за Македонија на известувачот за земјава, Томас Вајц,пренесе Telma.
Притоа тие нагласуваат дека напредокот на земјава во преговорите за пристапување продолжува да зависи од трајни и длабински реформи.

 „Тие жалат за недостaток на напредок од последниот извештај и нагласуваат дека итно се потребни обновена политичка посветеност и меѓупартиска соработка, не само за усвојување на потребните уставни амандмани што би овозможиле отворање на првиот кластер во преговарите“, се наведува во соопштението по усвојувањето на Извештајот за Македонија од страна на Комитетот.

Во усвоениот извештај за земјава се констатира дека демократските институции во Македонија функционираат задоволително, но оти политичката поларизираност продолжува да ги одложува клучните реформи и назначувања.

„Пратениците ги повикуваат сите политички партии да се повлечат од жестоката реторика и да соработуваат за унапредување на европскиот пат на земјата. Тие исто така забележуваат дека сеопфатната изборна реформа е задоцнета“, се наведува во соопштението од АФЕТ.

Еевропратениците во Комитетот предупредуваат и дека корупцијата останува распространета во многу области и укажуваат на јазот помеѓу објавените истраги и конечните пресуди во случаите на корупција на високо ниво. Тие предупредуваат и од координирани обиди за манипулирање со информативната средина и поткопување на довербата во демократските институции и европската иднина на земјата преку странско непријателско мешање и кампањи за дезинформации.
Инаку усвоената верзија Извештајот содржи и 11 компромисни амандмани на текстот од 403 кои беа поднесени во март, а чија содржина се уште не е објавена од страна на Европскиот парламент.
Комитетот усвои и два зесебни амандмани поднесени од бугарски европратеници, во кои се повикуваат двете влади и на Бугарија и на Македонија набрзо да ја одржат третата меѓувладина комисија со цел спроведување на Договорот за добрососедство и неговите протоколи, но и Историската комисија да постигне опипливи резултати.
Инаку Изваштајот за Македонија  во наредната фаза  треба да биде усвоен и на пленарна седница на Европскиот парламент.
повеќе тука

The post Извештајот на Вајц за Македонија усвоен од АФЕТ со 13 амандмани на текстот appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: