недела, 29 ноември 2026
Најново

Извештај на ЕК во ноември за кандидатите за членство во ЕУ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Годишниот извештај на Европската комисија за земјите кандидати за членство во Европската унија за 2025 година веројатно ќе биде презентиран на почетокот на ноември, објавија денеска повеќе медиуми, повикувајќи се на извори од администрацијата во Брисел.
96396315 – rise in the sky the biggest flag of the european union in the world
„Планирано е за почетокот на ноември, но засега тоа е само приближно време“, изјавија од ЕК за подгоричкиот весник на прашањето кога ќе биде презентиран новиот извештај за Црна Гора и другите земји кандидати. Во тој документ, Европската комисија го оценува напредокот на секоја земја кандидат во исполнувањето на критериумите за членство, особено во областите на владеење на правото, демократија, институции, јавна администрација, економија и усогласување со законодавството на ЕУ. Извештајот дава препораки што државата треба да ги исполни во наредните години, посочува слабости и области што бараат поголем ангажман.

Поврзани вести