Извозот и увозот се зголемуваат, Македонија повеќе тргувала со Германија, Велика Британија и Кина

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, достигна 5.978,9 милиони евра, што претставува зголемување од 2,0% во споредба со истиот период минатата година. Вредноста на увезените стоки, пак, достигна 8.494,3 милиони евра, што е за 3,5% повеќе во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека најголемо учество во извозот има кај: катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, делови од седишта и други катализатори на носачи.

Најзастапен увоз се: нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурова нафта), други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во прав, платина и легури на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – септември 2025 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најтргувани земји биле Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествувале со 47,7% од вкупниот обем на трговијата. Земјите-членки на Европската Унија учествувале со 59,6% од вкупната размена.
The post Извозот и увозот се зголемуваат, Македонија повеќе тргувала со Германија, Велика Британија и Кина appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: