Изгледаат слатко, но многу се опасни: Родители, овие играчки не им ги давајте на децата!

Швајцарски и американски научници утврдија дека детските гумени играчки со кои се бањаат се полни со различни бактерии.
Научниците биле изненадени дека во такви играчки пронашле и до 75 милиони бактерии во квадратен сантиметар.


Истражувачите пребројувале микроби кои пливаат во внатрешноста на жолти патки и утврдиле дека течноста што се празни, кога ќе се истиснат, содржи „потенцијално патогени бактерии“, во четири од пет играчки.
Меѓу пронајдените бактерии биле и Легионела и Псевдомонас аеругиноса, бактерии што често се поврзуваат за болнички инфекции. Студијата ја извршиле Швајцаскиот федерален институт за водени науки и технологија и Универзитетот Илиноис.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.