четврток, 12 ноември 2026
Најново

Изгоре автомобилот на Курто Дудуш

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Возилото што го користел градоначалникот на Шуто Оризара, Курто Дудуш, а во сопственост на неговата сопруга, Фатима Османовска, било изгорено во текот на ноќта.

Според информациите, инцидентот се случил во утринските часови, без повредени.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„На 17.03.2026 година во 03:50 часот наутро, СВР Скопјe добила пријава дека во месноста Шуто Оризаре е опожарено возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О. (37) од Скопјe.

Според пријавата, сопствениците на безбедносните камери забележале маскирано лице кое истурило течност врз возилото, по што возилото веднаш се запалило. Нема повредени, а пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада на град Скопје“, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Поврзани вести