Изгоре семејна куќа во Скопје: 15 пожарникари на терен во Жданец

Голем пожар го зафати брдото над скопски Жданец. Темен чад може да се забележи веднаш над населбата.
Екипите на скопската противпожарна бригада се уште се во скопски Жданец каде предмалку избувна голем пожар. Како што командирот Звонко Томески информира за „Република“, се запалило приземјето на семејна кужа на улицата „Теодосиј Синаитски“. 
-Се уште сме на лице место во Жданец, се работи на догаснување и расчистување на пожарот со кој брзо се справивме, изјави Томески. На лице место веднаш се упатиле пет пожарни, а понатамошно ширење и поголема штета спречиле 15 пожарникари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.