Изгоре стара куќа во Струмица, а зафатен е покрив од уште една

Во пожар, што избувна околу 9 часот, изгоре стара куќа, а зафатен е покрив од уште една на улицата “Јајце” во Струмица.
Во гаснењето на пожарот учествувале четири противпожарни возила и 12 пожарникари на ТППЕ Струмица и не е дозволено пожарот да ги зафати и останатите куќи во овој дел на градот, што е густo населен.
Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.