Изел парче пилешко месо со овој зачин и останал парализиран

40-годишниот Дејвид Брахам бил мускулест маж, активно се занимавал со спорт, добил четири деца, а еден ден изел пилешко месо со кинеско кари и останал целосно парализиран!
Се верува дека токму овој зачин предизвикал ретко пореметување на имуниот систем кај Дејвид.
Тој почнал да се чувства лошо гледајќи го својот син како игра рагби во градот Кардиф, после оброкот. Не бил свесен дека го чекаат денови во кои ќе се бори за својот живот и дека ќе биде во вештачка кома.
Лекарите откриле дека всушност се затрул со храна, што предизвикало ретко автоимуно пореметување – Гијен-Бареов синдром.
Не можел да дише ниту да зборува. Бил на апарати за дишење четири месеци.
Дури после осум месеци по оброкот, кој за малку ќе го чинел живот, тој е во можност да оди самостојно и дозволен му е краткотраен престој во својот дом.

Сето тоа поминало брзо, вели Брахам, кој инаку е инструктор за возење.
„Бев буквално заклучен во сопственото тело. Беше страшно, се чувствуав како во пекол. Не знаев дали ќе можам повторно да ги видам своите деца и мислев дека никогаш нема да можам да застанам на своите нозе“, раскажува Брахам.
Вели дека не верувал дека ќе преживее, но се борел поради своите деца.
Најпрво го лечеле со антибиотици, додека во рок од 24 часа не заминал дома целиот парализиран.
Оваа многу ретка и многу опасна состојба, предизвикува имунолошкиот систем да ги напаѓа сопствените нерви и може да се појави поради одредени инфекции или труење со храна.
Тешко опоравување
После будењето од кома, започнало долготрајното и споро опоравување.
„Морав отпочеток да учам како да се бањам или да ги мијам забите. Три месеци ми беа потребни само за да успеам да ги помрднам нозете. Бев како бебе… Мојот мозок знаеше како треба да ги направам работите, но телото не одговараше на командите“, вели тој.
Денес најголема среќа му е да ги види своите деца собрани на едно место, како ги отвораат божиќните подароци.
„Не можам да дочекам повторно да бидам татко“, заклучил тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.