Излекувани од ковид – 19 сведочат за тешките и трајни последици од вирусот

Седум дена пејачот Жаре Богатинов – Бербер диши надвор, не ги слуша звуците од машините за кислород и не ги гледа зелените униформи на докторите од интензивната нега во болницата „8 септември“.


-Ковидот е кошмар ако некој мисли дека е грип верува во голема лага.
Седум дена пејачот Жаре Богатинов – Бербер диши надвор, не ги слуша звуците од машините за кислород и не ги гледа зелените униформи на докторите од интензивната нега во болницата „8 септември“.
Со два негативни теста, можност сам да дише и сам да се движи Жаре Бербер раскажа за животот со Ковид 19. Се почнало со блага температура, но тоа е само лажна состојба до вистинскиот кошмар.
Седум дена со висока температура живот во најтесен тунел гладен за воздух, вака ја опиша борбата со корона вирусот.
Тој ја примил озонотерпијата, која го спасила и по два дена почнал да јаде и станува. Благодарен до тимот на доктори од болницата Патриција Каламарас и нејзиниот тим и епидемиологот Драган Даниловски кој му го дал најдобриот совет „веднаш оди во болница“.
Жаре Бербер вели дека кога тој се заразил бројките биле до 100 заразени, страшно е што бројките се над 300 со апел: почитувајте ги мерките, заборавате на период од дружбите и силата на вирусот ќе ја нема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.