Изложбата „Сѐ, во својата пролет“ на Мартина Рмуш во КСП Центар – Јадро

Вечерва во 20:00 часот, во КСП Центар – Јадро ќе се отвори осмата изложба на креативката Мартина Рмуш. Оваа уметница е позната по создавањето на апстрактни дела кои зрачат со живописни бои и форми, користејќи freestyle техника. Досега, Мартина има презентирано седум изложби, главно во Скопје, но и една во Охрид и една на меѓународно ниво, во Севиља, Шпанија. Нејзината работа најчесто се базира на акрилни бои нанесени на платно или мермерни мастила приметени на вода. Во поново време, започнала да истражува и работи со колажи и мозаици. Новата изложба со наслов „Сè, во својата пролет“ претставува колекција од дела настанати во различни фази на нејзиниот уметнички пат, вклучувајќи ги дури и нејзините почетни платна. Изложбата ќе биде достапна за посета до сабота, 17 мај 2025 година.
The post Изложбата „Сѐ, во својата пролет“ на Мартина Рмуш во КСП Центар – Јадро appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: