Изложба на копии-принтови од цртежи од најпознатите јапонски мајстори на дрворези од 17 и 18 век


Изложбата „Јапонскиот лебдечки свет – UKIYOE“ ќе биде отворена денес (29.03.2024) во 13 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Изложбата е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Македонија. На отворањето ќе присуствува и јапонскиот амбасадор во земјава, Казуја Отсука.

Со преку 30 копии-принтови од цртежи од најпознатите јапонски мајстори на дрворези од 17 и 18 век, до публиката, ќе допре шармот на „светот кој лебди“ кој е всушност отслик на подемот на трговската класа во градот Едо (денешно Токио) во периодот од раниот 17 век и нивната хедонистичка филозофија која ги подржува моментните задоволства на животот, при тоа славејќи ја убавината на природата преку претставите на месечината, снегот, црешовиот цвет или јаворовиот лист.

Проектот е соработка помеѓу Центарот за култура, Амбасадата на Јапонија во Македонија, Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“- Скопје, Музеј на град Скопје и неформалната мрежа на музеи МузеумЛинк-раководена од Јасминка Намичева, кустос советник.

Раскошните квартови во Едо, во кои самураите и граѓаните ја сочинувале новата градска класа, која се натпреварува во елеганцијата и рафинираниот вкус, стануваат неисцрпна тема на дрворезите на ukiyoe мајсторите.

На изложбата се претставени најзначајните мајстори на ukiyoe, Хишикава Кишибеи наречен Моронобу, кој во раниот 17 век бил првиот сликар кој започнал со ukiyoe дрворези на кои портретирал енергични жени од Едо, полни со живот, наспроти дотогашните портрети на неприродни и кршливи ликови.
По големиот успех на неговите цртежи тој е првиот илустратор кој се потпишува на своите дела. Хишикава школото привлекло голем број следбеници, со што била започната популаризацијата на новиот уметнички стил-укијое.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: