Изложба на Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски во Њујорк

На 17 април, во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк, ќе се отвори изложбата „Пејзажно искуство“ од уметниците Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски. Овој проект за првпат ја претстави Македонија на 59. Венециско биенале во 2022 година и минатата година беше изложен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад. Кураторки на овој настан се д-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ Младенов.
Проектот „Пејзажно искуство“ на Јанкулоски и Мотеска претставува мултинаративен транстактичен потфат кој отвора критички-дискурзивна дебата за опасностите кои се јавуваат ако не се преземат сериозни системски мерки за решавање на најголемите предизвици од Антропоценот. Овие опасности се плод на капитализмот и владејачките политики, вклучително и неконтролираното користење на природните ресурси на Земјата и војните кои, било да се експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски, водат до лични идеали со големи жртви, особено меѓу најранливите, невините и идеалистите. Размислувањето за тоа дали убавината може да биде истовремено и подмолно грда, дали естетиката може да му служи на злото, но и како може да стане предупредување за правилниот пат, се некои од прашањата што ги истражува овој проект, кој преиспитува и тезата за баналноста на злото. Изложбата во Њујорк ќе биде достапна до 30 април 2025 година.
The post Изложба на Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски во Њујорк appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: