Полицијата истражува дали една жена во централна Јапонија била измамена кога испратила околу 4,4 милиони јени на лице кое тврдело дека е руски астронаут кој работи на Меѓународната вселенска станица. И дека му требале пари за да се врати на Земјата за да се ожени за неа.

65-годишната жена од Шига го запознала лажниот астронаут на социјалната мрежа во јуни, пред да комуницираат преку апликацијата за пораки Line.
Тој човек повеќепати и кажал дека ја сака и предложил брак – соопшти полицијата.
– Тогаш осомничениот побарал од жената пари како трошоци за ракетата и нејзините „такси за слетување“ на Земјата – додала полицијата.
Жената го прифатила барањето и во периодот од август до септември на неговата банкарска сметка му префрлила околу 2 милиони денари, но бидејќи лицето продолжило да и бара пари, се консултирала со полиција.
Пронајдете не на следниве мрежи:


