Израдувајте го целото семејство: Подгответе совршено топло чоколадо дома со овој рецепт

Топлото чоколадо е еден од најпопуларните зимски пијалоци. За подготовка дома се потребни само неколку состојки, а резултатот е кремаст и ароматичен пијалок во кој може да ужива целото семејство.

Наместо пијалоци од продавница, лесно можете да го подготвите овој вкусен десерт дома без многу мака.

Состојки:

400 мл млеко2 лажици какао2 лажици шеќер1 ред чоколадо1 лажица згуснувач

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во тенџере и гответе на тивок оган, мешајќи повремено, додека смесата не зоврие.

По желба, гответе додека не ја постигнете саканата густина.

Истурете го топлото чоколадо во чаши или шолји и декорирајте со шлаг, чоколадни трошки или додатоци по вкус.

За уште побогат вкус, додадете малку ванила или цимет. Овој пијалок е најдобро да се пие веднаш по подготовката, додека е сè уште кремаст и ароматичен. Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи: