Израел изврши воздушни напади во јужен Либан. Нападите доаѓаат откако израелската армија нападна возило јужно од Бејрут. Едно лице беше убиено во тој напад.Либанските медиуми јавуваат дека селата Џармак, Махмудија и Ааичије биле погодени.Либанското Министерство за здравство објави дека сè уште нема информации за потенцијални жртви во нападот врз три села.Израелската војска тврди дека цел на нападот е лице кое било вклучено во шверц на оружје и лице кое било поврзано со иранските сили Ал Кудс.Овие напади се доста чести, и покрај прекинот на огнот што е во сила од крајот на ноември и со кој се стави крај на непријателствата меѓу Хезболах и Израел.
Пронајдете не на следниве мрежи: