Израелскиот министер Смотрич повика на „несразмерен напад“ врз Иран

– Израелскиот министер за финансии од крајната десница, Безалел Смотрич, повика на „несразмерен напад“ врз Иран.Смотрич за израелското радио говореше за тензиите со Иран.Тој порача дека официјален Тел Авив мора да возврати на минатонеделниот напад на Иран врз Израел.Смотрич рече дека тоа треба да биде „насилен, остар и несразмерен одговор на претрпената штета“.Додаде дека „одмаздата е неопходна за обликување на позицијата на Израел на Блискиот Исток“.„Ова е јазикот што се зборува на Блискиот Исток“, нагласи Смотрич.Иран во саботата го нападна Израел поради нападот на 1 април врз иранскиот Конзулат во Дамаск. Иранските сили истрелаа повеќе од 300 ракети и дронови, од кои повеќето беа соборени пред да стигнат до целта.Израел вети дека ќе одговори на иранскиот напад.

Пронајдете не на следниве мрежи: