Израелскиот новинар Гидеон Леви рече дека Израел не успеал да ги постигне своите цели и покрај 15-месечното уништување, масовните убиства и геноцидот на кој беа изложени повеќе од 2 милиони луѓе во палестинската енклава, а „обновувањето на нападите врз Газа не е само злосторство, туку е и неморално“.Израел го прекрши договорот за прекин на огнот на 18 март и продолжи со насилни напади врз Појасот Газа. Со овие напади, бројот на Палестинци кои ги загубија животите во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 50.144, а бројот на повредени се зголеми на 113.704.Вниманието го привлече фактот дека нападите започнаа во сенка на контроверзните политички чекори на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој го разреши директорот на домашната разузнавачка агенција Шин-Бет.Леви, новинар на весникот Хаарец, за АА го коментираше продолжувањето на нападите на Израел врз Појасот Газа.– „Стотици Палестинци се убиени за да се одржи Владата на Нетанјаху“Посочувајќи дека продолжувањето на нападите на Израел врз Газа, пред сè, е злосторство и дека Израел не успеал да ги постигне своите цели и покрај 15-месечното уништување, масовните убиства и геноцидот на кој беа изложени повеќе од 2 милиони луѓе во Газа, Леви додаде:„Обновувањето на нападите врз Газа не е само злосторство, туку е и неморално“.Леви во разговорот упати прашање до израелската Влада:„Она што не успеавте да го постигнете за 15 месеци со речиси 50.000 жртви, дали ќе го постигнете со убиство на уште 50.000 жртви за уште 15 месеци?“Истакнувајќи дека Израел нема план, Леви рече: „Стотици Палестинци се убиени за да се одржи Владата на Нетанјаху“.Нагласувајќи дека убиството на 174 деца на 18 март, кога Израел продолжи со своите напади, нема никаква врска со „борбата против тероризмот, самоодбраната или ослободувањето на израелските заробеници во Газа“, Леви додаде:„Живееме во момент во кој ниту еден збор не може да го изрази гневот и срамот што го чувствувам за она што го направивме таму“.– „Нетанјаху многу добро знае дека не може да ги постигне целите дури и ако се бори уште 10 години“Нагласувајќи дека Израел еднострано го прекршил договорот и дека одговорноста е исклучиво на Израел, Леви потсети дека Владата на Нетанјаху одби да ги започне преговорите од втората фаза и да се повлече од коридорот Филаделфија.Леви рече дека израелските заробеници во Газа не се главен приоритет на Нетанјаху и дека тој постојано го докажува тоа.Истакнувајќи дека продолжувањето на нападите врз Газа е поврзано со израелската внатрешна политика, Леви го рече следното:„Нетанјаху многу добро знае дека и да се бори уште 10 години, нема да ги постигне целите. Ова е поврзано само со заштита на Владата. Парламентот во рок од неколку дена мора да го изгласа буџетот. За ова му треба мнозинство, бидејќи ако не се изгласа буџетот, неговата влада ќе падне. Од таа причина, тој беше приморан да го врати Бен-Гвир. И тој мораше да ја обнови војната за да го врати назад Бен-Гвир“ (лидер на екстремно десничарската партија Еврејска моќ).– „Ниту еден од плановите во врска со Газа не е сериозен“Леви изјави дека светот во моментов е повеќе преокупиран со Украина отколку со Газа и дека американскиот претседател Доналд Трамп, единствениот човек кој може да го запре Израел, му дал зелено светло на Израел.„Ниту еден од плановите во врска со Газа не е сериозен.“Новинарот Леви го опиша планот на Трамп како „шега“ и рече дека повеќе од 2 милиони луѓе во Газа не можат да бидат раселени и дека за оваа идеја не треба да се разговара бидејќи е несериозна.Во врска со планот на Египет за Газа, Леви го кажа следното:„Планот на Египет е многу добар. Но, не можам да видам кој ќе го земе местото на Хамас. Хамас е доминантна сила во Газа. Може да ни се допаѓа или не, но нема алтернатива за Хамас и во сегашната ситуација ништо не вреди без одобрение на Хамас. Не можете да создадете вештачки Хамас.“Велејќи дека Израел не може да убие 2 милиони луѓе и дека нема да може да ја реализира присилната миграција на Палестинците од Појасот Газа, Леви го заврши разговорот со зборовите:„Мислам дека на крајот ќе има некаков глупав договор и сѐ ќе се смири за две до три години. Потоа ќе се вратиме на убиствата. Во моментов не гледам какво било решение бидејќи ниту една од страните не предлага нешто сериозно.“
Пронајдете не на следниве мрежи: