Израелски авиони нападнаа цели во близина на сирискиот град Дамаск

Израелски воени авиони ова утро погодија цели во близина на Дамаск, главниот град на Сирија, објави сириската државна новинска агенција САНА.

САНА, повикувајќи се на воени извори, објави дека израелски авиони извршиле воздушни напади од правец на Голанската висорамнина, напаѓајќи цели во близина на Дамаск.

Се наведува дена сириската противвоздушна одбрана ги пресретнала израелските проектили и соборила неколку од нив.

Во веста на САНА се наведува дека во израелскиот напад е предизвикана материјална штета.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија 2011 година, Израел изведува повремени напади врз групи поддржани од Иран и врз воени позиции на сириската војска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.