Израелски министер за одбрана: „Немаме друг избор освен да одговориме на иранскиот напад“

– Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, вчера на американскиот колега Лојд Остин му рече дека Израел нема друг избор освен да одговори на саботниот ирански напад.Израелскиот портал „Вала“ објави дека Галант и Остин разговарале за моментната ситуација во регионот.Израелскиот воен кабинет се состана со цел да ги разгледа одговорите на Израел на иранскиот напад со дронови и ракети.Според израелскиот телевизиски канал 12, на состанокот се разговарало за неколку опции, но без предизвикување регионална војна.Иран во саботата (13 април) лансираше дронови и проектили кон Израел како одговор на нападот што Израел го изведе на 1 април врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, во кој се убиени најмалку 13 лица, вклучително седуммина ирански воени советници.

Пронајдете не на следниве мрежи: