Тенковите на израелските одбранбени сили (ИДФ) влегоа во Појасот Газа и напредуваат по коридорот Нецарим, кој ја дели палестинската енклава на половина и од каде што војниците се повлекоа пред еден месец како дел од првата фаза од договорот за прекин на огнот со Хамас, кој сега е сериозно загрозен.„Тајмс оф Израел“ пишува дека палестинските медиуми од Појасот Газа објавија дека израелската армија забранила минување на возила од јужниот кон северниот дел на енклавата преку коридорот познат и како патот Салах ал-Дин.Се вели дека влегувањето на израелските тенкови дошло откако странските инспекциски тимови, задолжени да ги проверуваат возилата кои се движат од север кон југ и кои пристигнуваат од Египет секој ден од почетокот на примирјето, биле спречени да влезат во Појасот Газа откако Израел изврши масовни воздушни напади врз енклавата во вторникот наутро.Во тие напади загинаа повеќе од 400 луѓе.Израелската војска објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како тенкови и копнени трупи влегуваат во Појасот Газа и напредуваат по коридорот Нецарим.– Војниците на ИД почнаа целни копнени активности во централниот и јужниот дел на Појасот Газа во изминатиот ден за проширување на безбедносната зона и создавање делумна тампон зона меѓу северниот и јужниот дел на Појасот Газа. Како дел од овие копнени операции, трупите ја проширија контролата над коридорот Нецарим сè до неговиот централен дел. Во исто време, беше одлучено бригада од Голанската висорамнина да биде стационирана во областа на Јужната команда и да биде во подготвеност за изведување операции во Појасот Газа. ИД ќе продолжи да спроведува операции против терористичките организации во Појасот Газа со цел да ги заштити граѓаните на државата Израел“, се вели во соопштението на ИД.Израелската војска во вторникот соопшти дека извршила „обемни“ воздушни напади врз Појасот Газа, откако договорот со палестинското екстремистичко движење Хамас не успеа да го продолжи прекинот на огнот.Тоа е најголемиот бран израелски воздушни напади врз палестинската енклава од почетокот на примената на прекинот на огнот на 19 јануари.Би-Би-Си објави дека меѓу убиените е и Махмуд Абу Вафах, највисокиот безбедносен функционер на Хамас во Појасот Газа.Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека земјата „ќе дејствува против Хамас со зголемена воена сила“.
⭕️ IDF troops began targeted ground activities in central and southern Gaza, over the past day, in order to expand the security zone and to create a partial buffer between northern and southern Gaza. As part of the ground activities, the troops expanded their control further to… pic.twitter.com/TI4068LAJd— Israel Defense Forces (@IDF) March 19, 2025
Хамас го обвини Израел дека со овој напад го прекршил договорот за прекин на огнот.Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека „терористички цели“ на Хамас биле погодени во Појасот Газа.