Откако Израел издаде наредба за евакуација на облакодер во Газа, беа објавени снимки од неговото уништување.Според достапните информации, облакодерот бил погоден три пати.Како и обично, Израел тврди дека Хамас го користел облакодерот како оперативна инфраструктура, вклучувајќи подземни објекти што биле користени за планирање напади, поставување заседи против израелските армиски сили и обезбедување патишта за бегство за терористите.
אחרי הודעת כץ ודו"צ שצה"ל יחל לתקוף רבי קומות בעזה: תיעוד תקיפת מגדל אל-מושתהא במערב העיר עזה pic.twitter.com/0OT7ypCiuw
— Nurit Yohanan (@nurityohanan) September 5, 2025
Информациите објавени од Израел честопати се еднострани, а голем број жени и деца беа убиени во претходните напади.Снимките од Газа покажаа голем облак чад како се издига од местото на настанот откако на жителите им беше кажано да се евакуираат.Сè уште не е познато дали има жртви во нападот.



