Израел ги предупреди Ирска, Шпанија и Норвешка дека признавањето на палестинската држава ќе има тешки последици

Координираната одлука на Осло, Даблин и Мадрид беше донесена неколку дена откако обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) истовремено побара од судиите на МКС за воени злосторства да ги одобрат налозите за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант и тројца лидери на Хамас

Министерството за надворешни работи на Израел ги предупреди амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка дека нивното признавање на палестинската држава ќе има тешки последици.

„Ќе има тешки последици во односите со овие земји поради нивната одлука“,

најавил по средбата со амбасадорите Џејкоб Блиштајн, генерален директор на министерството за надворешни работи.

Тие биле поканети на разговори еден ден откако нивните земји објавија дека ќе ја признаат Палестина на 28 мај.

На средбата на амбасадорите им било прикажано видео од киднапирањето на пет жени војници за време на терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври. Во видеото од околу три минути, кое во средата го објавија светските медиуми, млади жени седат на подот со раскрвавени лица и врзани раце во базата Нахал Оз на југот на Израел. Видеото било направено од камерите на телото што ги носел еден од милитантите на Хамас за време на нападот, соопшти „Фемили форум“, израелско здружение на семејства на заложници.

„За време на состанокот во четвртокот, Блиштајн ги прекори амбасадорите за перверзната одлука на нивните влади да ја признаат палестинската држава“,

се вели во соопштението на израелското МНР и се додава дека ова признавање ќе го отежне постигнувањето договор за ослободување на заложниците кои беа приведени во Газа од 7 октомври.

Координираната одлука на Осло, Даблин и Мадрид беше донесена неколку дена откако обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) истовремено побара од судиите на МКС за воени злосторства да ги одобрат налозите за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант и тројца лидери на Хамас.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој посети неколку земји за да добие поддршка за палестинското признавање, рече дека одлуката ќе ги зајакне напорите за постигнување решение со две држави.

Израел жестоко реагираше и веднаш ги отповика своите амбасадори од тие три земји на консултација. Премиерот Бенјамин Нетанјаху во средата рече дека заедничкото соопштение на европските земји е награда за тероризмот, додавајќи дека суверена палестинска држава би била терористичка држава.

Пронајдете не на следниве мрежи: