Израел го нападна Јужен Либан, има ранети! Хезболах итно се огласи: „Наше свето и легитимно право е да се спротивставиме“

Пет лица се повредени денеска во напад на израелски беспилотни летала врз градот Мајдал Селм во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.Во вторникот вечерта, израелските воздушни напади повредија 24 лица во Набатија, голем град во јужен Либан, јавува Ројтерс.По нападот на Набати, високиот функционер на Хезболах Мохамед Раад рече дека правото на либанскиот народ да се спротивстави на израелските напади е „свето и легитимно право“.Тој нагласи дека ова право „треба да се искористи кога се смета дека е неопходно за да се заштити безбедноста на земјата“.  Либанскиот Хезболах и Израел се договорија за прекин на огнот на крајот на ноември минатата година, ставајќи крај на повеќемесечниот конфликт предизвикан од војната во Газа.САД во неделата соопштија дека договорот меѓу Либан и Израел , кој вклучува првичен период од 60 дена за повлекување на израелската армија, ќе остане на сила до 18 февруари, што е продолжување на рокот 26 јануари претходно договорен.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.