Израел: Елиминирани иранскиот секретар на Советот за национална безбедност Лариџани и командантот на Басиџ!

Високиот ирански функционер Али Лариџани беше убиен во израелски воздушен напад во Иран синоќа, изјави министерот за одбрана на Израел, Кац.

ИДФ потврдија дека Лариџани, секретарот на Советот за национална безбедност на Иран, го таргетирале. ИДФ, во меѓувреме, соопшти дека во одделен напад е убиен командантот на паравоените сили Басиџ, Голамреза Солејмани.

„Лариџани и командантот на Басиџ беа елиминирани преку ноќ и му се придружија на шефот на програмата за уништување, Хамнеи, и на сите елиминирани членови на оската на злото, во длабочините на пеколот“, вели Кац за време на проценката утрово, според неговата канцеларија.

Пронајдете не на следниве мрежи: