среда, 11 ноември 2026
Најново

Израел изведе воздушни напади врз Појасот Газа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шест ракети се истрелани од Појасот Газа кон Израел, а повеќето од нив се пресретнати од системот за воздушна одбрана „Железна купола“.

Израел изведе воздушни напади врз Појасот Газа

Израел денеска започна воздушни напади врз цели во Појасот Газа, откако се истрелани ракети од територијата кон Израел, јавуваат локалните медиуми врз основа на израелските соопштенија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Повикувајќи се на армискиот портпарол, весникот „Ерусалим пост“ објави дека Израелската армија гаѓала објект за производство на оружје на палестинската група Хамас рано утрово.

„Шест ракети се истрелани од Појасот Газа кон Израел, а повеќето од нив се пресретнати од системот за воздушна одбрана „Железна купола“ во средата“, додава весникот.

Претходно вчера, израелските сили извршија рација на Наблус, во северниот дел на Западниот Брег, од неколку точки.

Обиколувајќи куќа во историскиот Стар Град, војниците употребија жива муниција против Палестинците кои протестираа против рацијата, убивајќи најмалку 11 цивили, меѓу кои и едно дете, а повредија над 100.

Поврзани вести