Едно лице загина, а тројца се ранети во ракетен напад врз израелската земјоделска населба Штула на границата со Либан, соопштија локалните лекари за итна помош.
Во соопштението се наведува дека лекарите на местото на детонацијата утврдиле дека починал маж на 40-годишна возраст, а тројца мажи се ранети, сите тројца исто така на 40-годишна возраст, пишува Тајмс оф Израел.

Израелската армија соопшти дека во Либан бил извршен контранапад по нападот на населбата Штула, објави претходно Ројтерс.
Еден ден откако беа истрелани минофрлачки гранати врз Израел од Либан и ракети од Сирија, рано утринава беа активирани сирени во градот Галилеја поради стравувањата дека либанската, проиранска организација Хезболах може да се вклучи во конфликтот меѓу Израел и Палестинците. милитантната група Хамас.
- Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи од болничкиот кревет
- Нова студија тврди: Заменувањето на солта може да спречи милиони смртни случаи од срцеви заболувања
- „ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ“, велат од Левица
- Турското оружје го освојува светот: Минатата година имаа извоз од 10 милијарди долари, а оваа година одат кон нов рекорд
- Славески за клиентите на Алта банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идните приливи
- Колку се опасни енергетските пијалоци за срцето? Ново истражување дава податоци
- Зошто е препорачливо да пиете чај од ѓумбир кога имате проблеми со желудникот?
- Осум полицајци уапсени во врска со смртта на Далибор Драгиевиќ, братот обвинет за убиството на двегодишната Данка Илиќ
- Форумот за образовни промени поднесе тужба против МОН: Студентскиот оброк не е прашање на милост
Иран испрати порака до Израел дека не сака натамошна ескалација на војната меѓу Хамас и Израел, но дека ќе мора да интервенира доколку продолжи израелската операција во Газа, изјавија дипломатски извори за Аксиос.
Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахиан, вчера во Бејрут се сретнал со претставникот на ОН за Блискиот Исток Тор Венесланд, изјавија за Аксиос два дипломатски извори.
Венесланд, наводно, го повикал министерот за надворешни работи на Иран да помогне да се спречи прелевањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас во поширокиот регион на Блискиот Исток, а иранскиот претставник одговорил дека Иран не сака конфликтот да се претвори во регионална војна и дека сака да помогне во ослободувањето на цивилите кои Хамас ги држеше како заложници во Газа.
Сепак, тој нагласи дека Иран има свои црвени линии.
Абдолахиан додаде дека доколку израелската воена операција продолжи, а особено ако Израел ја изврши најавената копнена офанзива во Газа, тогаш Иран ќе мора да одговори, велат изворите.
Пронајдете не на следниве мрежи:


