Израел потроши 1,5 милијарди долари за една ноќ за да го одбие иранскиот напад

Весникот „Једиот Ахронот“ денеска цитираше поранешен израелски воен командант кој наведува дека Израел потрошил до пет милијарди шекели (околу 1,35 милијарди долари) во саботата ноќта за да се спротивстави на нападот што го започна Иран користејќи стотици беспилотни летала и проектили.

Рам Аминах, поранешен економски советник на началникот на Генералштабот на Израел, рече дека иранскиот напад го чинел Израел меѓу четири и пет милијарди шекели (помеѓу 1,08 и 1,35 милијарди долари) и објасни дека цената вклучува само соборување на беспилотни летала и проектили, а не и загуби на теренот, за кои војската претходно изјави дека се помали.

Аминах објасни дека секоја ракета од системот „Ароув“ (Arrow), што гаѓаше во балистичките ракети, чини околу 3,5 милиони долари, додека околу еден милион долари чини секоја ракета од системот „Давидова прачка“ за пресретнување на крстосувачки ракети, покрај трошоците за кревање во воздух на авионите кои имаа за задача да ги соборуваат беспилотните летала.

Пронајдете не на следниве мрежи: