Израел се плаши дека Турција ќе го нападне доколку ги добие американските авиони „Ф-35“

Израелски висок функционер остро реагира на можноста Турција да добие американски борбени авиони „Ф-35“, предупредувајќи дека тие би можеле да се искористат за офанзивни цели против Израел и да ја загрозат стабилноста во регионот, пренесуваат медиумите.

„Ако биде потребно, Израел ќе преземе чекори за да ги осуети турските намери. Анкара се обидува да го обнови османлискиот влијателен круг, вклучувајќи го и Ерусалим“, изјавил извор за весникот Маарив.

Во написот се наведува дека во Тел Авив расте загриженоста поради можноста Турција агресивно да ги искористи авиони „Ф-35“ авиони, особено во контекст на судир со Израел. Иако опасноста од директен конфликт се смета за мала, функционерот нагласува дека таа „расте“ и дека главен приоритет останува избегнување ескалација.

Израел тврди дека веќе презел мерки против турските активности во Сирија и е подготвен на дополнителни чекори. Се очекува и засилено лобирање пред американскиот Конгрес за блокирање на секоја продажба на „Ф-35“ на Анкара.

И додека САД ја разгледуваат таа опција, се појавија информации за можен алтернативен договор – продажба на F-16 Block 70 авиони, најновата верзија на моделот што веќе го користат и Турција и Израел.

Турција беше дел од програмата „Ф-35“, но беше исклучена откако купи руски ракетен систем S-400, поради загриженост дека чувствителни податоци би можеле да стигнат до Москва.

Пронајдете не на следниве мрежи: