Израел се соочува со „најголемата“ закана во Европа – исфрлање од Изборот за песна на Евровизија


На Израел му се заканува да освои „нула поени“ на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија бидејќи музичарите и јавноста повикуваат на бојкот на четирикратниот победник поради воената кампања во Газа, пишува магазинот Politico.

Политиката претходно се вклучи во шарениот музички фестивал. Пред две години Русија беше исфрлена од натпреварувањето во 2022 година, а Украина победи. Сега цел на свирежи и негодувања е Израел.

Повеќе од 1.000 музичари во Шведска потпишаа отворено писмо упатено до организаторот на овогодинешниот настан, Европската радиодифузна унија (EBU), во кое ја обвинуваат за лицемерие пред „хуманитарната катастрофа“ во Газа.

Шведска ќе биде домаќин на натпреварот во Малме во мај. Финските уметници, исто така, го повикаа финскиот јавен радиодифузен сервис Yle да изврши притисок врз EBU со цел да се спречи „на земја вмешана во воени злосторства, која продолжува со воена окупација, да ѝ се даде можност да настапува јавно за да го исполира својот имиџ“.

„EBU ја разгледа листата на учесници за натпреварот во 2024 година и заклучи дека израелскиот јавен радиодифузен сервис KAN ги исполнува сите прописи за натпреварување за оваа година“, рече директорот на EBU, Ноел Куран. Ова е во согласност со правилата на другите меѓународни организации кои „ги задржаа израелските учесници на големите натпреварувања“, рече тој.

Меѓутоам јавните радиодифузери, членки на EBU, го чувствуваат притисокот. Шведскиот SVT, домаќин на натпреварот, ја повика EBU да одлучи кој може да учествува.

Ирската RTÉ примила речиси 500 електронски пораки во кои се бара да се повлече од натпреварот доколку има израелски претставник.

Палестинските симпатизери клекнаа полуголи на снегот пред норвешка NKR барајќи исклучување на Израел.

Исландскиот RÚV најави дека ќе ја одложи одлуката дали ќе учествува на овогодинешниот натпревар откако ќе заврши националниот процес на селекција, во кој има и палестинска пејачка.

 

Амбасадорот на Израел во Шведска, Зив Нево, во јануари тврдеше дека „повикот на бојкот на Израел значи поддршка на Хамас“. „Оставете ја политиката надвор од изборот за песна на Евровизија“, рече Нево без да го спомене случајот на Русија и Белорусија.

Од EBU тврдат дека отсекогаш се труделе да се држи настрана од политиката, па затоа официјалното правило за натпреварувачите е „да не се политизира“ и да не се „инструментализира“ настанот. Меѓутоа, и од таму воопшто не го споменуваат елиинирањето на руските и белоруиските изведувачи.

Дури и исландскиот бенд Hatari беше парично казнет затоа што вееше палестинско знаме пред камера на натпревар во Тел Авив во 2019 година. Но, таквата политичка неутралност не беше толку јасно изразена од 2022 година.

Минатогодишното натпреварување во Ливерпул го карактеризираа сини и жолти знамиња, што значеше гест на солидарност со Украина и борбата на таа земја против руската инвазија.

Куран рече дека протерувањето на Русија било наводно поттикнато од „постојаните прекршувања на обврските на руската телевизија во врска со членството во EBU и кршењето на вредностите на јавните медиуми“. Помеѓу израелскиот KAN и владата „односот е сосема поинаков“, вели тој во обидот да го објасни двојниот аршин на евроспакта асицијација.

„Споредбите меѓу војните и конфликтите се сложени и тешки, и како неполитичка медиумска организација не е наше да прибегнуваме кон нив“, вели Куран. Според него, EBU, се залага Евросонгот да биде посветен на песните. Тоа е „неполитички музички настан… а не натпревар меѓу владите“ на земјите, рече Куран.

Фановите на Евровизија можеби уште еднашт нема да се согласат со него. Затоа што кипарскиот и грчкиот претставник уште еднаш си доделија меѓусбено дагоцени дванаесет поени?

Пронајдете не на следниве мрежи: