Министерството за здравство активно соработува со Јавното обвинителство за брзо разрешување на скандалот поврзан со обвиненијата за примање на поткуп од високопозициониран чиновник во една од државните здравствени институции. Министерството е отворено за соработка и подготвено да обезбеди сите потребни информации за помош во истрагата. Зачувувањето на висок стандард на здравствена заштита за граѓаните во сите јавно-здравствени установи останува клучен приоритет. По неофицијални информации, Мухсин Арифи, кој е директор на Специјализираната болница за геријатрија, е задржан поради сомненија дека примил мито од околу 20 илјади евра за прием на пациент, сепак оваа информација сè уште не е официјално потврдена.
Пронајдете не на следниве мрежи: