Илир Мета во Скопје за Денот на албанската азбука

Во рамки на прославата на Денот на албанската азбука и 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег претседателот на Република Албанија, Илир Мета, заедно со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и претседателот на ДУИ Али Ахмети, денес во 14 часот ќе прошетаат низ Старата чаршија во Скопје.
Прошетката низ чаршијата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, ќе заврши пред мозаикот (Муралот) на плоштадот на Скендербег каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на Скендербег.
На централната прослава која ќе се одржи вечерва ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.