Илон Маск е најбогатиот човек на светот, го надмина и Џеф Безос

Илон Маск, најбогатиот човек на светот.
Ваквата изјава која пред една година се чинеше невозможна, но стана веројатна и неизбежна откако акциите на компанијата „Тесла“ имаа се’ поголем раст.
Оваа недела, Маск стана најбогатиот човек на светот. Акциите на електричните коли се зголемија за 7.9 отсто и ја надминаа вредноста на Џеф Безос, сопственикот на онлајн продавницата „Амазон“, според милијардерскиот индекс на „Блумберг“ кој прецизно рангира 500 милијардери според нивното богатство.
Вредноста на Маск сега изнесува 194.8 милијарди долари, што е за 9.5 милијарди долари повисока од вредноста на Безос.
Искачувањето на „Тесла“ го втурнa Маск во улога што ја имаа само неколку други лица во последните децении.
Во текот на изминатата година, инженерот роден во Јужна Африка заработи повеќе од 165 милијарди долари во веројатно најбрзиот начин на создавање богатство во историјата.
Цената на акциите на Тесла, минатата година се зголемија за 743 отсто како резултат на постојаниот профит, ентузијазмот од Волстрит и од малопродажните инвеститори. Акциите добија повеќе од 23,900 отсто од првичната јавна понуда во 2010 година.
„Тесла“ произведе над половина милион автомобили минатата година, што е мал дел од производството на компаниите „Форд“ и „Џенерал Моторс“.


Подемот на Маск е уште позачудувачки со оглед на неговите гафови во последниве години. Во 2018 година тој се согласи да плати казна од 20 милиони долари на Комисијата за хартии од вредност и да се повлече од функцијата претседател на Тесла откако твитна идеја да ја направи компанијата приватна со 420 долари по акција – нешто што тој никогаш не го стори.
Во неколку наврати Маск се жалеше дека е „сиромашен со готовина“. Поголемиот дел од неговата нето вредност е поврзана со капиталот на неговите компании, вклучувајќи ја и „Тесла“ – која не исплаќа дивиденда.
Минатата година на „Твитер“ Маск објави дека има намера да ги продаде „скоро сите“ свои физички добра и во интервју истакна дека главната цел на неговото богатство е да ја забрза еволуцијата на човештвото преку вселенски патувања.
Маск минатиот месец потврди дека се преселил од Калифорнија во Тексас, држава која стекна нова популарност меѓу богатите бидејќи државата нема воведено данок на доход.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.