сабота, 28 ноември 2026
Најново

Илон Маск под истрага во Франција, го чекаат доброволно да се појави на суд

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Канцеларијата на парискиот обвинител го покани Илон Маск доброволно да се појави пред француски суд на 20 април како дел од истрагата за неговата социјална мрежа X, објави денес „Монд“.

На почетокот на февруари, истражителите извршија рација во просториите на Компанијата Х и го повикаа Маск да истапи и да ги објасни своите постапки, како дел од истрагата за наводни злоупотреби на неговата социјална мрежа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Илон Маск и поранешната извршна директорка на „Икс“, Линда Џакарино, се дел од истрагата бидејќи тие биле де факто и де јуре менаџери на платформата во времето на настаните што се истражуваат, изјави парискиот обвинител Лор Беко.

Како што е наведено, истрагата е особено фокусирана на сомневања за соучество во „поседување слики од порнографска природа“ или „негирање на злосторства против човештвото“.

Во соопштението, Компанијата Х ја осуди „злоупотребата на законските процедури“ врз основа на „политички мотиви“ и негираше какво било незаконско дело.

Компанијата, исто така, објави дека „канцеларијата на парискиот обвинител очигледно се обидува да изврши притисок врз американскиот менаџмент на компанијата со тоа што ќе ја таргетира нејзината француска филијала“.

САД ја изразија својата поддршка за компанијата X во петокот во писмо до Франција, објавено денес од „Волстрит џурнал“.

Поврзани вести