Илјадници Македонци го испратија Душко Чифлиганец – Симбол на храброст и хуманост си замина млад

Со голема тага и почит, вчера во Скопје беше погребан Душко Чифлиганец, младиот бизнисмен, мотоспортист и хуманитарец, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Чешка. Несреќата се случи на 2 август 2025 година, кога Душко падна од мотор за време на трка во Брно и претрпе сериозни повреди на мозокот. По повеќе од 24 часа борба за живот во болница во Прага, тој почина на 3 август .Погребната церемонија се одржа во дворот на црквата „Свети Јован Крстител“ во скопската населба Аеродром, која е ктиторство на неговото семејство. Опелото го водеше архиепископот г.г. Стефан, а присуствуваа илјадници граѓани од Скопје, Радовиш, Раклиш и други места, како и пријатели и соработници од странство.Душко Чифлиганец беше заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“ и директор на Adora Living Solutions. Познат беше по својата професионалност, енергичност и посветеност на семејните и хуманитарните вредности. Тој беше активен учесник во бројни хуманитарни проекти, вклучувајќи соработка со Фондацијата Новак Ѓоковиќ во Србија .Семејството Чифлиганец упатија јавна благодарност до сите кои во овие тешки денови им изразиле сочувство и поддршка.

Пронајдете не на следниве мрежи: