Геолошкиот институт на САД (USGS) на својата веб-страница напиша дека илјадници луѓе најверојатно загинале во Мјанмар по разорните земјотреси, со оглед на очигледната јачина на земјотресите.„Огромни жртви и голема штета се сигурни, а катастрофата најверојатно ќе биде широко распространета“, објави USGS.Прогласен е црвен аларм, во кој се наведува дека земјотреси ги погодиле Бангладеш, Индија, Лаос, Мјанмар, Тајланд и Кина.
Myanmar’da meydana gelen 7.7 büyüklüğündeki deprem sonrası arama kurtarma çalışmaları başladı. pic.twitter.com/JffTJ1ChRI— Boşuna Tıklama (@bosunatiklama) March 28, 2025
Силен земјотрес го погоди централниот дел на Мјанмар, поради што луѓето бегаат од згради дури и во Бангкок, главниот град на соседен Тајланд.Геолошкиот институт на САД (USGS) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,7 степени и бил на длабочина од 10 километри. Следуваше силен последователен потрес.Епицентарот на земјотресот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, кој има население од околу 1,5 милиони жители.Градските власти го прогласија Бангкок за голема катастрофа по силниот земјотрес во соседен Мјанмар, соопшти градското собрание на Бангкок.Градоначалникот на Бангкок е задолжен за спроведување на одговорот на оваа катастрофа, се вели во соопштението.