Имав 168 килограми, а мажите ми велеа дека сум убава, но премногу дебела: Кога ќе ја видат како изгледа сега, сите ја покануваат на состанок (фото)

Хедер Флода ја сподели својата неверојатна трансформација со губењето на 34 килограми, охрабрувајќи ги другите да го направат истиот чекор.

Таа отворено зборуваше за сè што се променило во нејзиниот живот, од жена која била отфрлена од мажите затоа што била „премногу голема“ , до некој кој денес со секое право ја крева главата и ги отфрла истите оние кои некогаш ѝ ја уништиле самодовербата.

Прејадувањето како бегство и моментот кога сè се расипа

Со години, Хедер се свртувала кон нездрава храна и прејадување како начин да се справи со отфрлањето и болката. Во тој период , таа тежела 168 килограми, учела, работела со полно работно време и постојано наоѓала изговори зошто не можела да се посвети на поздрав живот.

Пресвртот се случи откако мажот со кого отишла на првиот состанок, маж кого го запознала преку апликација, ја отфрлил веднаш по запознавањето. Тоа длабоко ја погодило.

„Ми велеа: „Убава си, но не излегувам со дебели жени“. А потоа одев и се прејадував. Тоа беше мојот механизам за справување… но како можам да очекувам некој да ме сака ако прво не се сакам себеси?“, изјави таа за Need To Know.

Првите чекори кон голема промена

На почетокот, вели таа, имала чувство дека нема друг избор. Научила да одвојува време за подготовка на оброци, се откажала од брзата храна и почнала да оди по 10.000 чекори дневно. Дури кога ги изгубила првите 36 килограми, се запишала во теретана.

Таа се навраќа и на првите денови во фитнес-центарот:„Не знаев што правам и луѓето ме гледаа.“ Но, таа истраја.

Самопочитување што никогаш порано го немала

Откако ослабе, Хедер откри ново чувство на моќ:

„Имав огромна самопочит, нешто што никогаш порано не го имав. Самодовербата е мускул што мора да го тренирате.“

Конечно, таа се почувствува слободна да им каже „не“ на луѓето што ја понижувале претходно:

„Беше толку задоволувачко да ги туркам назад оние што беа лоши кон мене поради мојата тежина. Тие мажи мислат дека го направив тоа за нив, кога всушност го направив за да видам за што сум навистина способна.“

Оние што го напуштија, денес се враќаат

Како што вели таа, многу мажи кои ја отфрлиле претходно сега се обидуваат да се вратат во нејзиниот живот. Истото важи и за пријателите кои претходно се оддалечиле од неа.

„Навистина е неверојатно колку луѓе сакаат да бидат во твојот живот кога ти оди добро.“

Три и пол години работа и нова кариера

По три и пол години посветеност и борба, Хедер ослабе вкупно 82 килограми и денес работи како онлајн фитнес тренер, помагајќи им на другите да тргнат по истиот пат.

Нејзината приказна сега живее како доказ дека промената започнува во моментот кога ќе одлучиме да се ставиме себеси на прво место.
The post Имав 168 килограми, а мажите ми велеа дека сум убава, но премногу дебела: Кога ќе ја видат како изгледа сега, сите ја покануваат на состанок (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: