Имал 49 жени, има 50 деца и 250 внуци… сега ја бара 50-тата да ја ожени

Тој е вистинска легенда, чија животна приказна е повеќе од интересна и вистински раритет дури и во светски размери. Како и не би бил, кога Таиб Сеферовиќ од Зеница ја бара 50-тата жена за да ја ожени!
„На 11 години се оженив за прв пат. На 13-годишна возраст, го добил своето прво дете. Во мојот живот имав 49 жени, 50 деца и 250 внуци. Бев во основно училиште од второ одделение кога за прв пат се оженив. Не се малку 50 деца, да ги створиш. Сè уште не ја најдов 50-тата жена, но ја барам. Жалам за мојата последна сопруга, таа почина. Ги сакав сите мои жени. Брзо се заљубувам, но брзо и се заситувам“- вели Таиб во смеа.


Тој бил спортист, боксер, хармоникаш, таксист. Патувал по целиот свет и правил деца каде и да стиге.
“Ме знае цела Европа, а деца имам по целиот свет. Јас живеам нормален живот. Не пијам, не пушам. Во брак бев со која како: по еден месец или два, по една година, или 20 години. Сексот е од клучно значење. Можам по 15 пати во една ноќ. Мојот син не може повеќе од два пати. Жените сакаат добар провод во креветот. Мора да бидеш со нив отворен. Ним малку им треба… малку секс и дружење. Сексот е закон. Не спиј со жена ти десет дена, и да видиш како потоа ќе се однесува“ – објаснува Таиб.
Џемила ја сакал повеќе од сите други. Таа сега е во Германија, омажена, но никогаш не ја заборавил.
“Сега сум во потрага по 50-тата жена и нека се јават сите кои се заинтересирани. Бев во Русија, Бугарија, Полска, Германија, Турција, таму имам две деца, па ако ова го видат, нека ми се јават. Знам можеби за 30 од моите деца, каде се, што се и што работат, за другите не знам ништо.
Дури и во Украина имам дете, како и во Србија, Хрватска, јас дури и не знам каде се не ги оставив своите потомци.
Неодамна ме запре полиција, приоѓа едно момче во униформа до автомобилот и ми ги бара сообраќајната и возачката дозвола. Јас му ги дадов и чекам да ми ги врати, а тој никако да ми ги даде. Излегов од автомобилот, дојдов до него, го прашувам што е проблемот, каде сум згрешил. Тој свртен со грб, наеднаш се врти кон мене и ми вели: Ти си мојот татко, и почна да плаче“ – раскажува Сеферовиќ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.