четврток, 12 ноември 2026
Најново

„Имам 42 години и до сега сум живеела во лага“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Социјалните мрежи овие денови се изненадија од фотографија која ја објави официјалната страна на најпознатата кукла на светот Барби.

Имено половина век откако е создадена најпознатата кукла на светот со која израснаа многу генерации откриена е една голема тајна во врска со неа, а тоа е дека таа освен своето име Барбара има и второ име Милсент како и презиме Робертс.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Барби предизвика големо внимание откако на официјалниот профил на Твитер на сите им го честиташе националниот ден на браќата и сестрите.

-Среќен национален ден на браќата и сестрите ви посакуваат сестрите Робертс, стои во објавата која ги збуни обожавателите.

-Барбара има име и презиме? Од кога тоа? Имам 42 години и до сега сум живеела во лага, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Поврзани вести