Имам 50 години, а 30 се дрогирам и никој никогаш не ме сликал

Фотографијата на која Аца Лукас лежи на тросед, а на масичката пред него стои бел прав, веднаш стана вирална. Во изјава за српски „Телеграф“, пејачот бесно прашува „Што е тука спорно?“
Што не викнете полиција за високотехнолошки криминал, зошто и како некој ми краде мои приватни фотографии? Секако дека фотографијата е моја. Види, дрога никогаш нема да видите кај мене на фотографија, зашто дрога нема. Нема да се правдам никому, не ме интересира. Што ме нападнавте сите како ајкула брод? Ме нападнаа за моја приватна фотографија, можам да сликам што сакам. Нека лизнат на фотографијата, па нека проверат дали е дрога!, вели Лукас.


Додава дека да, тоа е негова фотографија, но дека нема ништо спорно на неа.
Се зае*ававме, си ја препраќавме другарите меѓу нас. Некој таа фотографија ја дрпнал од некој си ја пуштил. Само не можам да откријам кој е, ама нема врска. На неа нема ништо спорно, тоа е шеќер во прав. Зарем навистина мислите дека би се сликал со дрога или би дозволил некој да ме слика со дрога? Имам 50 години, 30 се дрогирам и никој никогаш не ме сликал. Зарем мислите дека сега ќе правам будала од себе? Малку е нелогично. Лежам на кревет и гледам во телефон, ништо, потполна будалаштина, вели Лукас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.