Имате проблем со замор, концентрација и бавно работење на срцето? Рецептот за долговечност е јод – еве во која храна се наоѓа!

Резултатите од студијата Рандерс-Скаген, објавена на сајтот „The National Center for Biotechnology Information“ докажуваат дека исхраната богата со јод директно е поврзана со долговечноста кај повозрасните луѓе.

Испитаниците биле следени 20 години. Содржината на јод во водата во Скаген е 70 пати поголема отколку во Рандерс (139 микрограми наспроти 2 микрограми).

Смртноста е следена до 2017-та година. Животот во Скаген, полн со јод, укажува на подолг животен век на неговите жители. Животот во средина богата со јод може да биде клуч на долговечност.

Одамна е познато дека јодот ги убива вирусите и бактериите. Она што можеби не го знаете е дека јодот е неопходен минерал што нашето тело не може да го произведе, па затоа мора да биде задолжителен во секојдневната исхрана. Најмногу го има во алгите, морската риба и кујнската сол.

Тој го намалува оксидативниот стрес (слободни радикали).

Тироидната жлезда е одговорна за метаболизмот, а јодот е нејзиното гориво. Последиците од недостаток на јод можат да бидат замор, депресија и слаба концентрација. Ова се индикатори дека имате проблем со недостаток на јод: се чувствувате уморно, почнувате да заборавате, депресивни и вознемирени сте, срцето ви чука побавно.

Проблемите со тироидната жлезда можат да имитираат голем број психијатриски нарушувања, почнувајќи од депресија, анксиозност, па дури и психоза. Единствена ефикасна превенција е доволен внес на јод. 

Затоа, зголемете го, а имајте на ум дека Јапонците земаат 1-3 мг. дневно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.