Имате Хонда, а сакате Ламборџини? Еве решение

Екипа автомобилски ентузијасти од Мумбај трансформираа Хонда Акорд Купе во реплика на Ламборџини Авентадор.
На интернет може да најдете многу видео снимки од најразлични реплики на суперспортските автомобили, а Авентадор е чест избор за изработка на ваквите возила.
Сепак, оваа репилика на се издвојува од повеќето по тоа со колку внимание е направена.
Како „возило донор“ послужи Акорд Купе, а тимот кој стои зад репликата се потрудил автомобилот да го претстави преку видео снимка бидејќи возилото од неколку агли навистина потсетува на оригиналот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.